Пад од 2,1 процент до овој момент е регистриран на индексот МБИ 10 денеска на берзата. Ден откако помина референдумското изјаснување, цените на акциите паѓаат за толку проценти во просек, иако прометот не е мал. Берзанските аналитичари велат дека инвеститорите ја искористиле ситуацијата односно попустот кој го овозможи исходот од берзата во однос на цените на акциите па затоа расте и прометот. Сепак се воздржани од коментари за понатаму, затоа што, според нив, ако Македонија влезе во нова криза и избори, тоа ќе значи и нова воздржаност за инвеститорите.
Пред затворањето на тргувањето, индекост имаше пад од 2,1 процент и цените се во надолна корекција во однос на петокот, односно последниот ден од минатата недела.
„Прометот е висок, и тоа радува и благата надолна корекција на цените на пазарот. Имено прометот денеска е како еден од подобрите денови во септември што е добро и тоа покажува дека инвеститорите се подготвени на купуваат акции по дисконт кој им го понуди референдумот, вели Коста Костадиновски, Илирика.
Тој вели дека и денешниот ден покажува оти веруваат во компаниите кои котираат на берза и во нивниот капацитет да испорачаат добар финансиски резултат и дивиденди. Сепак сите се согласуваат дека идните движења ќе зависат од тоа дали ќе се најде решение во Парламентот или ќе се оди на избори. Ако има решение во Собрание, би било подобро, но ако има избори ќе се создаде вакум период во кој ќе има воздржаност кај инвеститорите.