Актуелно 03.10.2018 19:57

Арсовски: За ВМРО-ДПМНЕ најважна е волјата на граѓаните, референдумот е неуспешен

Арсовски: За ВМРО-ДПМНЕ најважна е волјата на граѓаните, референдумот е неуспешен

Денеска има закажано седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, акцент ќе се стави во однос на прашањето околу актуелната економска и политичка ситуација.  Како што знаете помина референдумскиот ден односно гласањето во неделата и сега сме во една ситуација каде што референдумот е неуспешен, односно не беше исполнет цензусот кој е еден од условите за успешен референдум, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во Вестите на ТВ 21.

Арсовски нагласи дека Извршниот комитет освен актуелната состојба во Република Македонија ќе се разговара и за целокупниот тек на гласањето на 30-ти септември, потенцирајќи ги сите неправилности и нерегуларности кои се евидентирани тој ден а кои биле пренесени во медиумите. Тој додаде дека за неправилностите околу референдумското изјаснувале поднеле кривична пријава и очекуваат дека органите на прогонот ќе реагираат и ќе ги пронајдат сторителите.

Ние за нерегуларностите поднесовме кривична пријава и очекуваме обвинителството и органите на прогонот да ја процесираат и да ги најдат сторителите, вели тој.

Портпаролот Арсовски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ најважна е волјата на граѓаните, односно како што рече тој граѓаните во неделата се изјасниле дека се против договорот кој го потпиша владата на СДСМ и Зоран Заев со владата на нашиот јужен сосед.

Во неделата јасно е изразена волјата на граѓаните а тоа е дека тие се против овој штетен и капитулантски договор потпишан од владата на СДСМ и Зоран Заев и владата на Република Грција.  Во однос на тоа ние неколку пати претходно кажавме од нашите информации кои што ги добивавме од терен преку работното „Лето за Македонија“ дека граѓаните едногласно се за ЕУ и НАТО, а се против овој штетен договор кој ги обезличува државните интереси на Република Македонија, заврши Арсовски.

Најнови вести