Живот 04.10.2018 00:05

Четири совети на стручњаци за подобар секс и долга врска!

Четири совети на стручњаци за подобар секс и долга врска!

Британската секс терапевтка открива како да се одржи пламенот во креветот…
Во долги врски е важно да имате време и за себе. Тоа го потврдува и’ секс терапевтката која предлага доста мастурбирање за да го одржите сексот со партнерот.
Еве што предлага Вена Рампал во едно интервју…

Многу самозадоволување
„Ако сама знаеш да се задоволиш, тогаш е поголема и веројатноста дека и твојот партнер ќе може да те задоволи“, вели Рампал, на која британаските медиуми и го дадоа прекарот „секс гуру“.
Освен тоа, мастурбацијата ја зголемува желбата за секс.

Разговарајте со партнерот
Исто така важно е и двајцата да се потрудите дека сте драги еден на друг и многу да разговарате.
„Само тогаш ќе знаете што вашиот партнер сака во сексот, а тоа е многу важно“, вели Рампал.

Планирајте секс но не и цел
На некои парови им помогнува да го планираат сексот.
„Помогнува ако сфатите дека сексот едноставно се случува и дека разбирате дека сексот нема цел“. Ако се постојано се врти околу постигнувањето на оргазам тоа може дополнително да го влоши сексот.

Мислете на почетоците
Уште еден мал совет може да им помогне на паровите во долга врска повторно да се веселат на сексот.
„Сетете се зошто сте се вљубиле еден во друг. Тоа нешто е сеуште присутно“.