Линијата број 25, која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно, од претстојниот викенд, 6-7 октомври, ќе има измена во возниот ред. Терминот за поаѓање на автобусот во 7:.30 часот се менува, односно поаѓањето сега ќе се реализира во 8 часот.
Од ЈСП појаснуваат дека изминатиот период терминот за поаѓање во 7:30 часот за време на викенди се должеше на барањето на планинарите и поради високите температури во летниот период.
Во викендите и за време на државните празници возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.
Истото се однесува и за линијата 28, која вози од Транспортен центар до Нерези (Македонско село).
„Бесплатниот превоз се воведе по предлог на голем број граѓани, a истовремено доби поддршка и од Град Скопје и ЈСП Скопје пред сѐ од еколошки аспект со цел да се контролира и регулира движењето до Средно Водно“, велат од ЈСП.