Туристите и натаму го посетуваат Гуам, иако Северна Кореја се закани дека ќе истрела ракети во насока на таа американска територија во екот на тензиите и острите реторики меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
Чихо Цучија од Јапонија слушнала на вести за Гуам, но сепак одлучила да го посети островот со сопругот и двете деца.
– Сметам дека Јапонија и Јужна Кореја исто така би можеле да бидат во опасност од Северна Кореја, така што исто како да сме останале дома, изјави 40-годишната Чихо Цучија.
Гуам има 160 илјади жители, а привлекува 1,5 милиони посетители годишно.
Бројот на туристите од Јужна Кореја е зголемен изминатиот период поради нискотарифните авионски линии, кои го поврзуваат Гуам со таа земја.
Северна Кореја објави план за ракетен напади на подрачје околу пацифичкиот остров Гуам, на кој се наоѓа американска воена база, што би било најпровокативен потег на Пјонгјанг досега.