Поранешниот припадник на УЧК, Абедин Зимбери го вработиле во државната институција, во која се делат убедливо највисоки плати, пренесе „Лидер“.
На неговиот Фејсбук профил, тој се пофали дека е вработен во контрола на летање (М-Нав).
Зимбери има завршено факултет за физичка култура и нема никаква квалификација за оваа институција, која се занимава со контрола на воздушниот простор во Република Македонија и е позната по екстремно високите плати.
-Економски Лидер се обиде да стапи во контакт со М-Нав, од каде сакавме да побараме одговор на која позиција е вработен поранешниот терорист на УЧК во нивната институција, но од таму нема одговор. Од контрола на летање не одговараат колкава му е платата на Зимбери, но од наши извори дознаваме дека се работи за плата од над 1000 евра (60.000 денари). Инаку во оваа институција од скоро работи и екс генералот од војната во 2001 Стојанче Ангелов, па можеби поранешниот терорист и поранешниот бранител да делат иста канцеларија, анализира порталот.
Тие учествуваа во заеднички ТВ дуели. Од дуелот право во контрола на летање!