Мозаик 08.10.2018 11:28

Данска планира да изгради нов остров во Копенхаген

Данска планира да изгради нов остров во Копенхаген

Данска планира да изгради нов остров блиску пристаништето во Копенхаген за да создаде повеќе простор за зголемената популација, најави данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен.

Островот би можело да биде изграден до 2070 година и на него би живееле 35.000 жители. Според Расмунсен, тоа би го штитело градот од растечкото ниво на морето.

– Копенхаген се повеќе се развива и гради како никогаш досега. Тоа е добро, но значи и дека градот наскоро ќе остане без простор поради што сакаме да изградиме нов остров, изјави Расмунсен.

Проектот ќе чини 3,1 милијарди долари, вклучително изградба на метро и тунели, а ќе го градат неколку компании од Копенхаген и Данска.

Најнови вести