Најмалку шест лица загинаа, а триесетина се повредени во тешкиот верижен судир кој утрово околу 7 часот се случи на автопатот Белград-Ниш кај Јагодина во Србија. Сообраќајот е во прекин на двата правци, пренесуваат српските медиуми.
Полициски службеници, како и екипи на Противпожарната бригада и Брзата помош се уште се на лице место.
Причините за сударот не се познати, но се претпоставува дека во голема мера влијаела и маглата, поради која соображајот низ цела Србија се одвива во отежнати околности.