Актуелно 25.03.2019 13:19

Детали за сообраќајната на патот пред стража и Маврово: Се судрија „БМВ“ и „Пасат“, седум повредени

Детали за сообраќајната на патот пред стража и Маврово: Се судрија „БМВ“ и „Пасат“, седум повредени

На магистралниот пат Гостивар – Кичево, на околу 500 метри од „Мавровска крстосница“, вчера  околу 13.15 часот  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(41) од Гостивар и патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(68) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ф. – сопатничка од возилото „БМВ“. По укажаната помош во Медицинскиот центар Гостивар таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле уште шест лица во двете возила, кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.