Околку пладнe на Бит пазар, според сведочења на очевидци, избил инциден кога полицијата се судрила со поголема група на граѓани. Како што јавија и дел од домашните медиуми, најверојатно станува збор за дивите тезгаџии кои продаваат околу пазарот, а кои полицијата сакала да ги отстрани утрово.
Во моментов, улицата кај пазарот е целосно блокирана, а голем број на граѓани се излезени на коловозните ленти каде не можело да мине ниту едно возило.