Власта не ја почитува реферндумската одлука на граѓаните да не се имплементира Договорот од Преспа во Уставот, смета професорката Татјана Каракамишева Јовановска.
-На 30 септември, и покрај тоа што масовно граѓаните не се дозваа на референдумот да гласаат, со самото тоа испратија порака дека не го прифаќаат договорот од Преспа. Таа порака беше јасна, можеби беше тивка, но беше јасна- дека референдумот не е успешен. Штом немаме успешен референдум, тоа значи дека суверената волја на граѓаните е тој договор да не биде прифатен и тој договор да не може да биде резлизиран по пат на уставни измени и да не може да биде имплеметиран во рамките на системот… Во ниту една нормална држава вие нема да имате власт која ако референдумот не е успешен, да ги бутка процесите спротивно на волјата на граѓаните. Тоа не е демократија… Но, власта и покрај се повторно сака на сила, по пат на разни притисоци, уцени и пари, сакаат да поткупат пратеници… рече меѓу другото Каракамишева Јовановска.
Владата, според Каракамишева, нема легитимитет да ја отпочне процедурата за промена на Устав, затоа што договорот од Преспа е отфрлен од граѓаните на референдум.
-Владата, заедно со најмалку 30 пратеника, претседателот на државата и најмалку 150.000 граѓани, може да бидат овластени предлагачи за уставни измени. Во овој случај владата е овластен предлагач и тоа не е спорно, спорно е тоа што министерството за правда не се јавува како овластен претставник на владата. Министерството за правда избега, сега се вклучува министерството за надворешни работи што е прилично чудно. Од тука велам дека тоа ја извртува целата логика врз која е поставена нашата уставна постапка за промена на Уставот. Значи министерство за правда не се јавува како овластен претставник, вели професорката и додава:
„На власта и гори под нозете затоа што Зоран Заев ветил нешто што не може да го оствари, видовме дека референдумот е неуспешен, а тој се колнеше во референдумот и дека ќе има доволно гласови. Откако виде дека не може да помине референдумот, се втурна во овој процес на притисок врз опозициските пратеници и сега ние имаме постојано бомбардирање на јавноста со информации дека се нудат пари за пратениците, што е не само кривично и казниво дело, туку е и вид на велепредавство, затоа што сака насилно да го менува уставниот поредок на државата. Но, ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне во давање на мнозинство, тоа е јасно утврдено во нивната политичка програма“.
Погледнете го целото интервју со Каракамишева Јовановска.