Македонската економија се соочува со своите најлоши моменти коментираат експертите. Нема ден а да не излезе поразителен податок во врска со економската состојба во земјава. Скоро сите економски параметри зборуваат за тоа како Владата не успеа да ги исполни ветувањата што ги даде пред граѓаните за голем економски раст и повисок стандард на живеење.
Така според најновите податоци на Светска банка сиромаштијата во Македонија уште има голем процент и тоа некаде околу 20 % или скоро 500 илјади жители живеат во сиромаштија. Ова е тесно поврзано со растот на БДП кој од година во година е се помал а со тоа се намалуваат и надежите дека стандардот на живеење на граѓаните на Република Македонија ќе се зголеми а со тоа и квалитетот на живот.
Така според официјалните податоци еден од пет луѓе во Македонија не може да си ги дозволи сите оброка во текот на годината. На 455 000 луѓе во државата им е потребна помош во храна. Во просек тие имаат само по еден оброк дневно. Ова се поразителни бројки сметаат економистите со оглед на фактот дека Владата ветуваше плата од 500 евра и други поволности и можности за вработување и перспектива.
Исто така неодамна во јавноста излезе информацијата дека македонија се наоѓа на дното во Европа според Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум. Според извештајот Македонија го зазема 84-то место. Полошо од Македонија, на континентот, се рангирани само Молдавија и Босна и Херцеговина. Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека освен ниското ниво на инфлација, земјава е лошо оценета во речиси сите области. Македонија доби ниски оценки и во делот на функционирањето на институциите и правосудството.
Експертите велат дека ако продолжат вака лошите трендови и состојби во македонската економија се предвидуваат црни сценарија. Инаку, Владата ветуваше раст од 3,2 % и реализација на капитални инвестиции но реномираните светски институции како Светска Банка и ММФ ја ревидираат стапката на раст на 1,6 % додека реализацијата за 8 месеци од годината на капитални инвестиции се поразителни 21.33 %.