Кога се гради-Македонија оди напред! Бројките за градежништвото покажуваат јасна разлика. Во 8-те квартали од јули 2024 до јуни 2026, според пресметката прикажана од податоците на ДЗС, просечниот квартален реален раст на градежништвото изнесува +14,1%, без ниту еден негативен квартал, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
-За споредба, во анализираните 29 квартали од претходниот период просекот е -0,2%. Разлика од 14,3 процентни поени. Во вториот квартал од 2026 година, градежниот сектор бележи реален раст од 21,9%, а особено силен е растот кај нискоградбата – 48,9%. Тоа е важна разлика. Главен двигател се инфраструктурните и капиталните зафати – патишта, коридори и други големи проекти кои создаваат трајна вредност за државата, посочува тој.
Повеќе градилишта, повеќе капитални проекти, повеќе создадена вредност.
-Македонија повторно се гради – и тоа се гледа во официјалните бројки, вели Стојаноски.