Економија 20.10.2018 11:28

ПАРИТЕ ГО ВРТАТ СВЕТОТ, НО ЗЛАТОТО Е ПОМИЛО: Унгарија ги зголеми своите златни резерви за 10 пати

ПАРИТЕ ГО ВРТАТ СВЕТОТ, НО ЗЛАТОТО Е ПОМИЛО: Унгарија ги зголеми своите златни резерви за 10 пати

Централната банка на Унгарија ги зголеми своите резерви на злато за 10 пати, објави „Bloomberg“.

Ова се случува само еден месец откако Полска го купи најголемото количество злато од 1998-ма година.

Денес резервите на Унгарија се веќе 31.5 тони наспроти 3,5 тони само пред еден месец, што значи дека златото веќе има 4.4% удел во вкупните резерви на земјата.

Оттука и потребата за подобрување на безбедноста на нивните резерви.

Гувернерот на централната банка Дјорд Матолчи изјави дека во минатото земјата била меѓу најголемите производители на злато во светот, додека неговиот заменик Мартон Наѓи одби да коментира дали резервите на земјата од злато се зголемиле во последниот месец.

Унгарија е уште земја во ЕУ која се насочува кон купување на злато во последните месеци, а според информациите од сајтот на централната банка, станува јасно дека ова се првите купувања на злато од 1986-та година.

Во моментов 31,5 тони злато во земјата вредат 1,24 милијарди долари според тековните цени. Златото веќе пристигна во Унгарија, објавувајќи фотографијата на нејзината страница.

Полска, пак, купи 9 тони злато во јули и август оваа година, а од почетокот на 2018-та година, Русија, Казахстан и Кина го забележаа најзначајниот раст.

И покрај купувањето на 28 тони злато месечно, Унгарија се уште е далеку од првите 50 земји со најголеми резерви на злато.

САД и Германија се на врвот, додека во последниве години Русија купува просечно по 20 тони секој месец.