Анастасија Ражантовиќ на својот профил на Инсатграм откри дека нејзиното семејство е побогато за уште еден член.
Младата и надежна пејачка сподели видео снимка од преслаткото кученце кое се вика Мајки.
-Нов член на семејството, Мајки – напиша таа.
Потсетуваме, Ражнатовиќ летово го изгубија кучето Вито кое почина. Тој не успеа да се избори со болеста, а Анастасија тогаш се прости од саканото милениче.
Инаку, тие се големи љубители на животни и постојано ги имаат во домот.
Извор:Вистина.мк