Актуелно 29.10.2018 17:21

СВЕДОКОТ СИ ГО ВРАБОТИЛЕ ВО ОПШТИНА: Сведокот на СЈО за настаните во Центар, вработен во ПОЦ

СВЕДОКОТ СИ ГО ВРАБОТИЛЕ ВО ОПШТИНА: Сведокот на СЈО за настаните во Центар, вработен во ПОЦ

Драган Димитровски, сведок кој во својство на „загрижен граѓанин“ бил присутен на седницата во општина Центар во 2013 година, на која се донесувале одлуки за ДУП-ови, не посочи ни еден од присутните на обвинителната клупа.

Тој раскажа во кое својство бил дента во општината и рече дека не препознава никој во судницата кои се обвинети за случајот. Исто така, сведокот рече дека додека траеле настаните околу општината, тој излегувал и влегувал во бараките и никој од толпата не го нападнал.

Сведокот кој како што рече пред судот бил „животно заинтересиран“ за ДУП-овите, потврди дека подоцна во 2016/17 бил вработен во ПОЦ.