Актуелно 01.11.2018 10:39

Николоски: СДСМ откако ја промашија работата со договорот, виновникот го бараат во ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: СДСМ откако ја промашија работата со договорот, виновникот го бараат во ВМРО-ДПМНЕ

Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Клан дебата кажа дека СДСМ залудно бара виновник во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие иако барале, биле исклучени од процесот за постигнување договор со Грција.

Според Николоски од страна на ВМРО-ДПМНЕ било побарано, дури и откако договорот бил потпишан да има две референдумски прашања, но не било прифатено. Тој додаде дека на тој начин граѓаните би можеле јасно да се изразат, поединечно дали се за ЕУ и НАТО и дали се за договорот од Преспа за промена на уставното име на Република Македонија.

– Не можат целосно да ја расипат работата, да го промашат договорот, а потоа ВМРО-ДПМНЕ да им биде криво, ние во таква улога не влегуваме, вели Николоски.

Тој објасни дека опозицијата не била вклучена во процесот на преговори, иако инсистирале да бидат вклучени како партија од самиот старт.