Откако утрово инвеститорот ја рестартираше градбата кај Мајчин дом, граѓаните од оваа скопска општина преку социјалните мрежи се организираат на протест.
Протестот е закажан за во 17 часот попладнево кај спорната парцела пред Мајчин дом.
Граѓаните од општина Аеродром минатиот месец одржаа протест кога парцелата беше оградена.
Активистите од „Сакаме Аеродром да дише“ тогаш посочија дека тие ќе го почекаат истекот на тие денови и повторно ќе протестираат штом инвеститорот започне со градежни активности.
И од фејсбук групата „Аеродром во моето срце“ повикаа на протест во 17 часот и побараа оставка од градоначалникот Златко Марин.