Криминалната Влада на СДСМ нема проект а да не го преплати и да не се обиде така народски кажано да стопи неколку милиони. Овој пат претераа. Па така автопатот Кичево – Охрид за кој СДСМ велеше дека е платен прескапо, а проекциите од претходната власт беа дека ќе чини околу 375 милиони евра, сега СДСМ за него ќе потроши дополнителни 187 милиони евра или за половина повеќе од она што беше според проектот проектирано, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и додаде:
„Но, она што е уште повеќе сомнително, актуелниот министер за транспорт и врски од редовите на СДСМ Сугарески, веднаш по преземањето на власта јавно кажа дека според анализите автопатот ќе чини дополнителни 120 милиони евра, тоа беше во јули 2017 година. По само една година откако не мрднаа ниту еден метар со изградба на автопатот, вицепремиерот на Владата Кочо Анѓушев излегува и вели дека автопатот ќе чини дополнителни 187 милиони евра, или за 67 милиони евра повеќе од неговиот партиски колега Сугарески.“
Арсовски запраша каде ќе заврши разликата од 67 милиони евра?
Каде ли ќе отидат 67 милиони евра пари на граѓаните? Со истите пари може да се реализираат мал милион други проекти кои се неопходни за граѓаните.
-Почитувани господа од Владата на СДСМ, ќе се договорите ли конечно меѓи себе колку дополнителни пари ќе чини автопатот Кичево – Охрид? Нема да не чуди ако утре излезе Зоран Заев како највисок претставник во Владата, повисок од првите двајца и каже дека автопатот ќе чини 360 милиони евра, под услов да го доправи неговиот брат Вице Заев и со тоа да не убедува дека ќе заштеди можеби околу 400 милиони евра. Од оваа Влада веќе ништо не не чуди. Од почетокот на годинава до сега СДСМ ги задолжи граѓаните над 400 милиони евра, а од почетокот откако се на власт ги задолжија граѓаните многу повеќе од 1 милијарда бруто долг. Ја преминаа психолошката граница од 5 милијарди јавен долг, а немаат еден единствен проект реализирано, посочи Арсовски.
„Ветуваа илјадници километри патишта, а тие кутрите ниту 1 метар немаат асфалтирано. Почитувани господа од СДСМ, откако ќе ја завршите вашата мисија за која што сте дојдени да уништите се во држава и да испокрадете се од државната каса, заминете си што побрзо од власта. Граѓаните не видоа ништо друго освен скандали, проневери, бизниси, тендери и задолжувања. Граѓаните освен криминал не видоа ништо друго од вас. Затоа, заминете си од власта. Што побрзо толку подобро.“, подвлече Арсовски.