Сте биле во брак, сте се развеле, сте нашле нова љубов и размислувате повторно да кажете “да”? Ево што треба да знаете пред тоа.
За овие неколку работи би требало да размислите и да разговарате со новиот партнер пред да “застанете на лудиот камен”, за да фати маја овој пат.
“Бившиот/та ме излудува. Не осудувај ме и не се впуштај во тоа. Биди трпелив/а, затоа што драмата наскоро ќе престане”.
Она што не “функционирало” во бракот, во главно “нема да функционира” ниту кога станува збор за развод.
Таа можеби тврди дека сте себични. Тој можеби ве обвинува дека сте лоша мајка. Се се тоа искри за расправии, а вашиот нов партнер сето ова мора да го “свари”.
Тој или таа веројатно повремено ќе бидат изненервирани со вашето лошо расположение, или со вашата одлука да попуштите и да му угодите на поранешниот партнер, повторно. Она што воопшто не сакате е тоа вашиот нов партнер да не се меша во односот кој го имате со поранешниот – тоа е триаголник кој треба да го избегнете по секоја цена.
Впрочем, сето тоа ќе се смири, кога ќе се склопи нова брачна заедница.
Имајте на ум дека влегувањето во нова брачна врска може да биде причина за анксиозност поради децата – ако ги има од претходниот брак – но и поради тоа што конечно се соочуваате со крајот (претходен брак и врска).
Се разбира, претходната брачна заедница завршува штом дошло до развод, но во некој психолошки смисол новата брачна врска може да биде она што “освестува” дека дефинитивно е крај.
“Ти си мој нов маж/жена и љубовник/љубовница, но не си татко/мајка на моите деца”.
Тоа секако не е лесен разговор, но ако сте пронашле партнер кој ве сака и кој ве разбира, тој веројатно ги сака и вашите деца и ќе разбере.
Имено, оној кој стапува во врска или брак со лице кое веќе има деца од почеток знае дека со партнерот добива и “целосен пакет” кој има свои правила. Без оглед во чија куќа живеат, новиот партнер не треба да се однесува како да е родител на децата на партнерот од претходниот брак.
Не би сакале вашите деца да бираат, но имајте на ум дека лошо ќе се чувствуваат ако некој инсистира да на новиот партнер на мама или тато, им се обраќаат со мамо или тато – децата тоа го доживуваат како предавство. Потполно е во ред ако по некое време сами се одлучат на тоа, но на тоа не треба да се настојува.
Се разбира, од децата би требало да барате да го почитуваат вашиот нов партнер, да имате јасни правила и ограничувања. Не им попутајте премногу и имајте на ум дека за децата е добро да имаат внимателни, но стабилни, силни возрасни личности во својата околина.