Палау е првата земја во светот која ги забрани кремите за сончање заради нивното токсично влијание на коралните гребени, објави претседателот Thomas Remengesau.
Забраната влегува во сила во 2020 година, а казната за сторителите ќе биде илјада долари. Туристите кои ќе ги внесат кремите во земјата ќе останат без нив.
“Воведовме преоден период за да ги едуцираме туристите, а да ги разубедиме да доаѓаат”, рече Ременгезау.
Палау е мала островска земја со само 21.000 жители во западниот Пацифик, меѓу Австралија и Јапонија.
Научниците веруваат дека хемикалиите кои ги има во некои производи за заштита од Сонцето високо се токсични за животот во морето.
Сличен закон ќе стапи на сила на Хаваите од 2021 година.
Палау ја зацврстува заштитата на животната средина последниве години, вклучувајќи го и намалувањето на бројот на туристи. Пред три години, скоро сите акваториуми на Палау биле прогласени за заштитено поморско добро за да се намали загадувањето и прекумерното ловење риби.
Законот кој го усвои тамошниот парламент, освен забрана за кремите за сончање, бара од туристичките агенции на своите клиенти да им обезбедат алтернатива за пластичните шишиња, чаши и сламки.