Мозаик 08.08.2018 09:45

Охрид, Струга, Дојран, еве какво време ве очекува

Охрид, Струга, Дојран, еве какво време ве очекува

Под влијание на висок воздушен притисок и на релативно стабилна, суво и топла воздушна маса од југ, односно од северните предели на Африка времето во текот на оваа недела во тористичките центри низ државава и тоа во Струга, Охрид, Преспа и Дојран времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Услови за краткотраел локален дожд проследен со грмежи и засилување на ветерот ќе има во четврток а до тогаш само на планините има минимална можност за сосема локален, слаб и краткотраен дожд проследен со ретки грмежи и тоа претежно северозападно од Струшко.

УВ ИНДЕКСОТ ЌЕ ИМА ВИСОКА ДО МНОГУ ВИСОКА ВРЕДНОСТ И ЌЕ ИЗНЕСУВА КОЕФИЦИЕНТ НЕКАДЕ ОД 8 ДО 9 ПА ЗАТОА ВНИМАНИЕ.

Максималните дневни температури на воздухот за Струшко и Охридско за следните денови се некаде помеѓу 28 и 29 степени, во Преспа до околу 28 и во Дојран до околу 34, 35 степени.