Додека трае постапката за азил, Никола Груевски не може да биде екстрадиран во земјава, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој беше гостин во „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, одговарајќи на прашањето дали со распишувањето на меѓународната потерница, Груевски може да биде екстрадиран во Македонија доколку постапката за барање азил е во тек.
Унгарските медиуми, веќе објавија што предвидува законот за политички азил во земјата.
-Лицето кое бара азил мора да аплицира до Управата за имиграција и азил, веднаш штом се најде на територијата на земјата. Овој орган има законски рок од 60 дена да го прифати или одбие барањето, до кога треба да ги слушне причините зошто апликантот бара политички азил. Унгарскиот закон предвидува и забрзана постапка, во која може да се одлучи за 15 дена.