Актуелно 25.03.2019 11:09

Новинарот Сашо Димовски: Оливер има советник во МВР чии синови носат нож на излегување во дискотека и прободуваат човек

Новинарот Сашо Димовски: Оливер има советник во МВР чии синови носат нож на излегување во дискотека и прободуваат човек

По скандалозниот чин што се случи изминатиов викенд кога син на поранешен градоначалник со нож прободе 27 годишник, со свој статус се огласи и новинарот Сашо Димовски.

-Свети Оливер Кумановски има советник во МВР, довчерашен градоначалник, чии синови носат нож на излегување во дискотека, прободуваат човек, исто вработен во МВР и овој, ај што ги брани, туку и уште појаснува дека немал намера да влијае на истрагата???!!! Пафалело уште јавно да каже дека ќе влијаеш!!! Која стока од луѓе, дно!!! И со вакви стока функционери, СДС сака да победи Стево? Жал ми е што го горат човекот само!!! Само клоца за Вас, за ваква багра Оливерова нема друг јазик за разбирање!! МВР дно дна по скандали станавме, стои во статусот на новинарот Сашо Димовски.

Инаку МВР во дневниот билтен  во саботата ја имаше основната информација за овој инцидент:

„На 23.03.2019 година во 00,30 часот во СВР-Скопје било пријавено на улицата “532“ во угостителски објект во с.Марино–скопско дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата: Ф.Ф. (27) од с. Кадино-скопско од една страна и А.Ц. и Ј.Ц. од друга страна, при што Ф.Ф. бил прободен со нож. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а А.Ц и Ј.Ц се приведени во полициска станица“ – велат од МВР.