– Во Република Македонија моментално околу 460.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а манипулантите од СДСМ продолжуваат со ветувања за мед и млеко. Царовска го укина и додатокот за трето дете, проект кој беше од времето на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се помогне на граѓаните, а истовремено да се зголеми наталитетот. СДСМ исто така влезе во опасна авантура со тоа што сака да воведе систем на гарантиран минимален приход, нешто што не постои во Европа и ретко каде во Светот. За Република Македонија, изедначувањето на социјалната помош со минималната плата ќе има катастрофални последици затоа што ги обесхрабрува они кои што сакаат да работат и со тоа да стекнуваат работни навики, квалификации, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека поради лошите политики на СДСМ и неажурноста на Царовска се повеќе млади кадри ја напуштаат земјата.
-Ваквото владеење на СДСМ за граѓаните на Република Македонија е неиздржливо. Со секој поминат ден со СДСМ на власт државата дополнително тоне во задолжување, криминал и корупција. Колку СДСМ побргу си замине толку Македонија ќе успее да го фати вистинскиот правец, бидејќи оваа влада за година ипол докажа дека нема ни кредибилитет ни капацитет да ја води економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.