Анамари Џејмс-Томас мајка на четири деца, која водеше тешка битка со ракот, напиша 20 инструкции за среќен живот на своето семејство.
Нејзиниот сопруг ја опиша како жена со непобедлив дух, а за позитивниот став кон животот, ѝ покрај фактот што почина од рак на 44 години, најдобро ја илустрира пораката оставена до своите најблиски.
*Сè што ќе направиш, ќе се врати, без исклучок
*Сам ја пишуваш својата судбина. Не дозволувај другите тоа да го прават наместо тебе
*Сè што ти сторил некој во минатото нема никаква моќ над тебе, освен ако ти ја дозволиш
*Кога луѓето ќе ти покажат кои се навистина, верувај на тој впечаток
*Грижата е губење на енергија. Подобро искористи ја да направиш нешто во врска со тоа што те прави нервозен
*Она во што веруваш, помоќно е од она што сонуваш и од она што сакаш. Секогаш ќе бидеш она во што веруваш
*Ако зборот “Ви благодарам” е единствената молитва, тогаш тоа е сосема доволно
*Среќата што ја чувствуваш е директно пропорционална на љубовта која ја даваш
*Својот неуспех воедно искористи го како повод да тргнеш во нов правец
*Ако направиш избор што е спротивен од оној што секој мисли дека е исправен, светот нема да се распадне поради тоа
*Верувај им на твоите инстинкти. Интуицијата никогаш не лаже
*Сакај се самиот и научи таа љубов да ја усмериш и кон други луѓе
*Во работата влези со страст
*Љубовта не боли. Напротив, чувството е прекрасно
*Секој ден е можност да се започне од нула
*Сомнежот е сигнал на твоето “не”. Ако се сомневаш, не брзај, размисли добро
*Кога не знаеш што да правиш, биди трпелив и почекај малку. Одговорот сам ќе дојде
*Лошото не трае вечно. И ова ќе помине. Биди секогаш доследен на себе си