Банкарство 17.05.2018 10:49

Индиски Инфосис воведе блокчејн врска меѓу седум банки

Индиски Инфосис воведе блокчејн врска меѓу седум банки
Infosys

Индиската компанија Инфосис соопшти дека вовела блокчејн тргување меѓу седум приватни банки, со што, според компанијата, ќе се подобри сигурноста во банкарскиот сектор на Индија. Револуционерната блокчејн технологија ветува побрзи и посигурни транскации во низа области.

Инфосис, втората најголема информатичка компанија во Индија, најавува дека ќе развива свои блокчејн решенија за приватниот сектор, а ќе ги нуди своите услуги и во странство. Според блокчејн правилата, секоја стапка во транскацијата безбедно се споделува меѓу сите членови на мрежата, со што се намалува опасноста од грешки и пропусти. Најавата од Индија доаѓа само неколку дена откако британската ХСБЦ соопшти дека ја извршила првата трговска трансакција користејќи блокчејн врска.