Економија 17.05.2018 11:29

ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Над 23.400 граѓани ќе добијат голема исплата!

ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Над 23.400 граѓани ќе добијат голема исплата!

Платежната агенција ги подготвува решенијата по што ќе следи исплата на субвенциите.

Денес ќе започне исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017-та година со што истите ќе ги добијат над 23.400 тутунари.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наведуваат дека годинава е постигната највисока цена од 217,6 денари по килограм.

Со новиот начин за зголемено субвенционирање во три нивоа што почнува со реколтата 2017, за прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари, информираат од Министерството.