Економија 28.11.2018 12:38

Илон Маск смета дека сите треба да работат најмалку 80 часа неделно

Илон Маск смета дека сите треба да работат најмалку 80 часа неделно
FREMONT, CA - SEPTEMBER 29: Tesla CEO Elon Musk speaks during an event to launch the new Tesla Model X Crossover SUV on September 29, 2015 in Fremont, California. After several production delays, Elon Musk officially launched the much anticipated Tesla Model X Crossover SUV. The (Photo by Justin Sullivan/Getty Images)

Контоверзниот претприемач Илон Маск ги изненади корисниците на „Твитер“ со неговата идеја дека доколку навистина сакаат да го променат светот, луѓето треба да работат по 80 часа неделно, јавува „Бизнис инсајдер“.

Зборувајќи за компаниите што ги има основано, „Тесла“, „Спејс екс“, „Боринг компани“ и „Неуралинк“, Маск напоменува: „Знам дека е полесно да се работи на некои други места, но никој никогаш не го променил светот работејќи 40 часа неделно“.

Elon Musk

@elonmusk

Join to create exciting new worlds of technology!! If getting things done matters to you, then @SpaceX, @Tesla, @BoringCompany & @Neuralink are the places to be.

Elon Musk

@elonmusk

There are way easier places to work, but nobody ever changed the world on 40 hours a week

13.3K people are talking about this

Elon Musk

@elonmusk

There are way easier places to work, but nobody ever changed the world on 40 hours a week

Elon Musk

@elonmusk

But if you love what you do, it (mostly) doesn’t feel like work

4,834 people are talking about this

Кога на „Твитер“ го прашале колку работни часа неделно се потребни за да се направи тоа, Маск одговорил: „Зависи од личност до личност, но сметам дека доволно би биле 80 часа. Понекогаш и 100. Чувството на тежината на работата експоненцијално се зголемува по 80 часа работа неделно“.

Илон Маск месецов за технолошкиот портал „Рикоуд“ опиша дека работи околу 120 часа неделно, а вработените во „Тесла“ годинава знаеле, доколку е потребно, да извлечат и 100 работни часа во текот на неделата, во периодот пред промоцијата на новиот автомобил „модел 3“. Додаде дека фирма како „Тесла“ не би преживеала на пазарот дококу не работи толку напорно.

Дел од вработените во компанијата „Тесла“  изјавиле за „Бизнис инсајдер“ дека навистина работат премногу, додека, пак, некои кажале дека повеќе им одговара на работа да се 70 или повеќе часови неделно.