Актуелно 30.11.2018 20:19

Арсовски: Секогаш кога СДСМ е на власт во Македонија се прислушува, одговорност од власта мора да има

Арсовски: Секогаш кога СДСМ е на власт во Македонија се прислушува, одговорност од власта мора да има

Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува. Во Република Македонија во моментов незаконски се прислушува, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Институциите и граѓаните по доаѓањето на однародената и криминогена власт се под целосен надзор на Заев и Спасовски. Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка. Денеска во Владата на СДСМ, кога СДСМ е веќе година ипол на власт, се соочуваме со скандал за прислушкување кој е премногу сериозен и отвора прашања околу независноста и професионалноста на работењето на Јавното обвинителство. Неколку пати кажавме дека Јавното обвинителство постапува по одредени политички цени. Кој и зошто ги слушал јавните обвинители и ја следел нивната комуникација? Дали на ваков начин се вршело влијание врз предметите и постапките кои се водат изминативе две години, прашува тој.

Арсовски порачува дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое незаконско прислушување кое ја нарушува приватноста на граѓаните и служи за контрола и закана врз институциите.

-Ова е скандал, кој што мора веднаш да се расчисти и актуелната Влада да сноси одговорност. Отворено се сомневаме дека во моментов не се следат само комуникациите само на криминалните банди поврзани со картелот на власт!  Бараме одговор и од новоформираната ОТА, и од надлежните судови и од ЈО и од УБК дали во моментов функционира системот за следење на комуникациите и дали воопшто се постапува барем по една наредба од надлежните органи за документирање на криминалитие на мафијашките кланови? Дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално? Дали образложението за неследењето на криминалните банди е дека има одредени потешкотии? Конечно, кој ќе сноси одговорност од СДСМ и од власта и за овој скандал со прислушување? За вакви снимки зборуваше и градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар кој јавно се закани дека ги прислушува вработените во општината, вели Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека секогаш кога се случува скандал со нелегално прислушување, се замешани кадри од СДСМ.

-Така беше и со аферата „Големото Уво“, така беше и со бомбите кои ги пушти во оптек СДСМ, еве и сега кога СДСМ е на власт се случува нов скандал на нелегално прислушување.       Одговорност од власта и од СДСМ мора да има и тоа мора да има уште веднаш, порача тој.

7

Најнови вести