Народната банка на Република Македонија информира дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“.
Кованите пари ги имаат следниве карактеристики:
„Вага“
На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Вага. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на вага од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак вага и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак вага. Во долниот дел е претставена златна слика на вага, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – LIBRA, а на левата страна, ознаката Ag925.
„Скорпија“
На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Скорпија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на скорпија од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак скорпија и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак скорпија. Во долниот дел е претставена златна слика на скорпија, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – SCORPIUS, а на десната страна, ознаката Ag925.
„Стрелец“
На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Стрелец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на стрелец од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак стрелец и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак стрелец. Во долниот дел е претставена златна слика на стрелец, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – SAGITARIUS, а на левата страна, ознаката Ag925.
Цената на овие ковани пари за колекционерски цели изнесува 2.800 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на НБРМ во делот „Ковани пари за колекционерски цели“.