Актуелно 30.01.2019 12:47

Кој ќе понесе одговорност за пензискиот скандал, МРП-вакцините под лупа на ОЈО

Кој ќе понесе одговорност за пензискиот скандал, МРП-вакцините под лупа на ОЈО

Засега никој не поднесе одговорност за скандалот со вакцините. Директорот на ПИОМ не чувствува одговорност и е извесно тој нема да поднесе одговорност. Овој скандал ги скара вицепремиерот Османи кој вели дека нема криминал и директорите чесно си ја вршеле работата а министерката Шекеринска пак е убедена дека злоупотреба имало и таа мора да се истражи.

Основното јавно обвинителство пак отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.

Енормно е загадувањето и ова утро. Засега нема мерки на сила, освен во Струмица ги стави во употреба мерките .

Во изминатите два дена е надминат прагот на ПМ 10 честичките а Македонија се наоѓа на листата загадени градови и е меѓу првите десет.