Црниот СДСМ целосно изгубил допир со реалноста. Партијата која ја зацрни државата шири манипулации и невистини, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Костадин Костадинов од СДСМ.
-Иднината за Македонија со СДСМ НЕМА! И тоа го знаат и самите тие, но најбитно од се тоа го знаат граѓаните! Со СДСМ на власт економијата е зацрнета, здравството девастирано, образованието деградирано, а владеењето на правото само мртво слово на хартија. Во ЕУ не се оди со криминал и корупција. Во ЕУ се оди со работа, реформи и постојан раст на сите полиња, со цел подобрување на живеачката на граѓаните. Живеачката во Република Македонија е влошена, трошоците за живот зголемени, платите ниски, а економијата на дното. Ова е црнилото во кое западнала државата поради СДСМ. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа ненародна власт да излезат со нас на протестните маршови ширум државата.