Поради што многу луѓе сметаат дека не се креативни и дека креативноста е карактеристика на некои други и посебни луѓе?
Колку ни е потребно да сфатиме дека сите имаме креативност во себе, само треба да ја искажеме на најдобар можен начин, секако пред тоа да ги пуштиме кочниците кои во изразување на сопствената креативност знаат да не спречат во периоди од животот, а понекогаш и за цел живот!
Одличен текст на онлајн изданието „Psychology Today“, а се бави токму на таа тема.
Вие сте креативни
Уметникот не е посебен човек, секој од нас е посебен вид на уметник. Секој од нас е роден како креативен, спонтан мислител. Единствена разлика меѓу луѓето кои се креативни и тие кои не се е едноставно во верувањето. Креативните луѓе веруваат дека се креативни.
Луѓето кои веруваат дека не се креативни, едноставно не се. Еднаш кога имаме одреден идентитет и верба во себе, не интересира да бараме вештини кои се потребни за тој идентитет и верба да се изразат. И поради тоа луѓето кои веруваат дека се креативни стануваат креативни. Ако веруваме дека не сме креативни, немаме потреба да научиме како да станеме креативни, па поради тоа не стануваме такви.
Фактот за вербата дека не сме кративни претставува изговор за да не пробаме и да се обидеме нешто ново. Кога некој ни вели дека не е кративен, ние всушност зборуваме со некој кој нема интерес и кој нема да вложи никаков напор за да стане креативен мислител.
Креативното размислување е работата.
Треба да имаме страст и одлучност за да се впуштиме во процес на создавање на нови и различни идеи. Притоа треба да бидеме трпеливи за да издржиме наспроти сите неповолни околности.
Сите креативни гении работат страствено многу и создаваат неверојатен број на идеи, од кои повеќето се лоши.Всушност, повеќе лоши песни напишале славните поети отколку тие што не биле толку славни.
Томас Едисон создал 3.000 различни идеи за систем на осветлување пред да ја провери нивната практичност и економичност. Волфганг Амадеус Моцарт напишал над 600 музички дела, вклучувајќи ја 41 симфонија и некои 40 чудни опери и миси, во текот на својот кус креативен живот. Рембранд насликал околу 650 слики и 2.000 цртежи, а Пикасо направил над 20.000 дела. Шекспир напишал 154 сонети.
Некои биле врвни, некои не биле ништо подобри од тие кои неговите современици можеле да ги напишат, а некои биле едноставно лоши.
Мораме да поминеме низ пресвртница за да станеме креативни
Кога создаваме идеи ги надополнуваме невротрансмитерите поврзани со гените кои се вклучуваат и исклучуваат како одговор на она што го прави мозокот, а кој за возврат реагира на предизвиците. Кога минуваме низ пресвртница да дојдеме до нови идеи, го енергизираме нашиот мозок, зголемувајќи го бројот на врските меѓу невроните.
Колку повеќе време се обидуваме да дојдеме до нови идеи, толку нашиот мозок станува поактивен и стануваме повеќе креативни. Ако сакаме да станеме уметници и се што правиме е секој ден да насликаме слика, ќе станеме уметници. Можеби нема да станеме Винсент Ван Гог, но ќе станеме поголеми уметници од тие кои никогаш не пробале.
Нашиот мозок не е компјутер
Нашиот мозок е динамичен систем кој прво ги развива своите модели на активност од што ги пресметува како компјутер. Тој расте низ креативната енергија на повратните информации од искуствата, било реални било фиктивни.
Можеме да создадеме искуство; буквално да го креираме со помош на нашата фантазија. Човечкиот мозок не може да разликува меѓу вистинското искуство и детално замисленото искуство.
Ова откритие е она што на Алберт Ајнштајн му овозможило да ги направи своите мислени експерименти со замислени сценарија кои довеле до неговите револуционерни идеи за просторот и времето. Еден ден замислил, на пример дека се заљубил. Тогаш замислил дека жената во која се заљубил ја сретнал по два дена откако се заљубил. Тоа довело до неговата теорија за акаузалност.
Истиот процес на создавање на искусктво на Волт Дизни му овозможил да ги оживее своите фантазии.
Не постои само едно вистинско решение
Реалноста е неодредена т.е. не е одредена еднаш за секогаш. Небото е сино или не е сино. Тоа е црно бело размислување бидејќи небото има милијарди нијанси на сина боја. Зракот од светлината е или бран или не е бран А или не е А. Физичарите откриле дека светлината може да биде бран или атом зависно од ставот на набљудувачот.
Единствено во животот што е сигурно тоа е несигурноста. Кога ќе се обидеме да дојдеме до идеја, не треба да ги цензурираме и да проценуваме како се појавуваат. Ништо повеќе не ја убива креативноста како што тоа го прави само-цензурата на идејата додека се создава.
Да размислуваме за нашите идеи како за можности и да ги создаваме што е можно повеќе, пред да одлучиме која ќе ја избереме. Светот не е црно бел, светот е сив.
Никогаш не треба да застанеме на првата добра идеја
Секогаш треба да се стремиме да најдеме подобра идеја и да продолжиме се додека не најдеме уште подобра. Во 1862 година, Филип Рајс го покажал својот изум кој можел да испрати музика по пат на жица. Со денови бил далеку од развојот на својот изум во телефон кој би можел да пренесува говор.
Сите телекомуникациски експерти во Германија го одвраќале од правење на било какви подобрувања бидејќи зборувале дека телеграфот е доволно добар у дека никој нема да купи и да користи телефон.
По 10 години, Александер Грахам Бел патентирал телефон.
Спенсер Силвер развил лепак за 3М кој добро се држел за објектот, но исто така можел лесно да се одлепи. Прво се рекламирал како лепак за огласни плочи, така плочите можеле едноставно да се пренесат од место до место. Но, пазарот тоа не го прифатил. Силвер не ја отфрлил идејата…
Еден ден Артур Фрај, уште еден вработен во 3М, пеел во црковниот хор кога покажувачот му паднал од книгата за химни. Фрај ги намачкал своите покажувачи со лепакот од Силвер и открил дека покажувачите остануваат на своето место, а можеле да се одлепат без да ја оштетат страницата на книгата. И така се откриени самолепливите мали хартии за пораки.
Томас Едисон секогаш се обидувал да скока од една на друга своја идеја во својата работа. И така ја префрлувал својата работа од телефонот за пренесување на звук, на фонограф за снимање на звук и на крај на подвижни слики за снимање на слики.
Да очекуваме дека експертите ќе бидат негативно настроени
Како некој повеќе се специјализира и станува поголем експерт, така нејзиниот ментален склоп се повеќе се затвора и тој се повеќе се фиксира на потврдување на она за кое верува дека е апсолутно. Како последица на тоа, кога ќе се соочи со нови и различни идеи, фокусот на таквите лица ќе биде на усогласување со владејачките правила и стандарди.
Дали таквите идеи се усогласени со она што знам дека е точно? Ако тоа не е така, експертите ќе го потрошат своето време на докажување и објаснување зошто тоа не може да биде така и зошто тоа не може да работи. Тие нема да бараат начини за нештото да профункционира бидејќи тоа може да покаже дека она што тие го сметаат дека е апсолутно, тоа воопшто не е така.
И тоа е причина зошто секој експерт за достава во САД прогнозирал сигурен неуспех кога Фред Смит ја основал Федерал Експрес. Впрочем, рекле дека ако таквиот систем за достава е изводлив, Пост Офис т.е. Национална пошта или УПС одамна би го вовеле.
Да веруваме на своите инстинкти
Да не дозволиме да не обесхрабрат. Алберт Ајнштајн бил исфрлен од училиште бидејќи неговото однесување имало негативен ефект на сериозните ученици; не го поминал ни приемниот испит за факултет и морал да оди во трговско училиште една година пред да се запише конечно на факултет; и бил единствен во својата група кој не добил место за предавач бидејќи ниту еден професор не сакал да го предложи. Еден од професорите дури рекол дека Ајнштајн е најмрзливото куче, кој факултетот некогаш го имал.
На родителите на Бетовен им било речено дека тој е премногу глупав за да биде композитор. Колегите на Чарлс Дарвин го нарекле будала и неговиот труд за експериметни на лудак, кога работел на својата теорија на биолошка еволуција.
Волт Дизни бил отпуштен од својата прва работа во новинска редакција, бидејќи му немал фантазија. Томас Едисон имал само две години формално образование, бил целосно глув на едното уво и имал големи проблеми со слухот на другото уво, бил отпуштен од својата прва работа како доставувач на весници и подоцна исто така добил отказ работејќи на телеграф; а сепак станал најпознат изумител во историјата на САД.
Не постои неуспех
Кога и да се обидеме нешто да направиме и не успееме во тоа, тоа не е неуспех. Сме научиле нешто што не работи. Секогаш треба да се прашаме – Што сме научиле за работите кои не функционираат? – Дали тоа може да ни објасни нешто што до сега не можело да се објасни?
Кога некој ни вели дека никогаш не направил грешка, ние всушност зборуваме со лице кое никогаш не се обидело да направи нешто ново.
Не ги гледаме работите такви какви што навистина се; ги гледаме такви какви што сме ние самите
Да ги протолкуваме сопствените искуства. Сите искуства се неутрални. Тие немаат свој смисол. Ние им даваме смисол со избран начин на интерпретација. Ако сме свештеници, секаде наоѓаме докази за Божјата присутност. Ако сме атеисти, во се гледаме отсутност на Бога.
ИБМ забележал дека никој во светот нема персонален компјутер и тоа го протолкувал дека нема пазар за нив. Двајцата кои биле исфрлени од факултет Бил Гејтс и Стив Џобс, гледале на иста работа и виделе огромна можност.
Еднаш на Томас Едисон му пришол помошник додека работел на состав на сијалица. Помошникот го прашал зошто не се откаже – Сепак не успеавте веќе 5.000 пати. Едисон го погледнал и одговорил дека не разбира што овој мисли под неуспех, бидејќи рекол – Открив 5.000 работи кои не работат.
Ние ја создаваме сопствената лична реалност со изборот на начинот на кој ги толкуваме своите искуства.
Секогаш да пристапиме на проблемот на свој сопствен начин
Да не веруваме на своја прва перспектива на некој проблем бидејќи ќе биде премногу пристрасна на нашиот вообичаен начин на размислување. Секогаш да гледаме на проблемите од повеќе страни. Секогаш да се сетиме дека гение наоѓа перспектива која уште никој друг не ја применил.
Да побараме поразлични начини на гледање на проблемот. Да го опишеме проблемот неколку пати користејќи различни зборови. Да се поставиме во улога на некое друго лице и да видиме како тој би гледал на проблемот; на пример како некој проблем го виделе Џеј Лено, Пабло Пикасо или Џорџ Патон?
Да го насликаме својот проблем, да направиме модел или дури скулптура на својот проблем. Да прошетаме и да побараме работи кои метафорички претставуваат проблем и да се потрудиме да најдеме врски меѓу тие работи и нашиот проблем (како е скршен излог, како нашиот проблем во комуникација со учениците?).
Да ги прашаме нашите пријатели или непознати странци како тие гледаат на нашиот проблем. Да прашаме дете. Како 10 годишно дете би го решило проблемот. Да ги прашаме дедовците и бабите. Кога го менуваме начинот на кој гледаме на нештата, тие самите се менуваат.
Да научиме да размислуваме неконвенционално
Креативните гении не размислуваат аналитички и логички. Конвенционалните, логички и аналитички мислители се исклучителни мислители што значи дека ги исклучуваат сите информации кои не се поврзани за проблемот. Тие бараат начини како да ги елиминираат можностите.
Креативните гении се мислители што пак значи дека тие бараат начини како да вклучат се, вклучувајќи и нешта кои се различни и целосно неповрзани. Создавањето на асоцијации и врски меѓу различни работи што не се поврзуваат, е начин на кој тие поттикнуваат шеми на поинакво размислување во својот мозок.
Тие нови шеми водат кон нови врски кои им овозможуваат поинаков начин на фокусирање на информации и поинакви начини на интерпретации на тоа на кое се фокусираат. Така се создаваат оригинални и навистина необични идеи.
Алберт Ајнштајн еднаш славно забележал: Фантазијата е поважна од знаењето. Бидејќи знаењето е ограничено на се што моментално го знаеме и разбираме, додека фантазијата го опфаќа целиот свет и се она што некогаш ќе биде достапно да се знае и да се разбере.
И конечно, Креативноста е парадоксална
За да ја создава, човек треба да има знаење, но да се заборави знаењето, треба да се видат неочекуваните врски меѓу нештата, но не да се има ментална збрка, треба вредно да се работи, но да се поминува времето не работејќи ништо додека информациите се насобираат, треба да се создаваат многу идеи, од кои повеќето ќе бидат некорисни, треба на иста работа да се гледа како и на сите други, но да се види нешто друго, треба да се сака успех, но да се прифати и неуспех, треба истрајност, но не и тврдоглавост, треба да се слушнат експертите, но да се знае како да се игнорираат.