Јапонската корпорација „Hitachi“ ќе ја направи својата најголема аквизиција досега со купување на електрична единица на швајцарската компанија „ABB Ltd.“ за 11 милијарди долари, објави „Bloomberg“.
Се очекува од „Hitachi“ да стане глобален снабдувач на опрема за дистрибуција на електрична енергија.
Планот на јапонската компанија е да купи 80,1% од претпријатието за електрична енергија на „АВВ“, проценето на 11 милијарди долари.
Продажбата на единицата која произведува електрични трансформатори, електропреносни системи за далечно растојание и модули за складирање на енергија, ќе ги намали приходите на „АВВ“ со седиште во Цирих со околу 25% и ќе ја фокусира компанијата врз роботиката и автоматиката.
За „Hitachi“ овој потег е дел од идејата на главниот извршен директор Тошиаки Хигашихара да ја реструктуира компанијата, претворајќи ја во една од најголемите корпорации во светот.
„АВВ“, исто така, планира да го продаде преостанатиот дел од 19,9 отсто во единицата за електрична енергија три години по завршувањето на договорот.
Со продажбата, швајцарската компанија има за цел да се фокусира на четири водечки сектори и да ја поедностави организациската структура и да ја зголеми ефикасноста. „АВВ“ планира да открие повеќе детали за тоа во текот на својот четврти квартален извештај за финансиската година.