Тоа се само некои од советите на д-р Дејвид Аргус, светски реномираниот експерт за рак, кога станува збор за долговечноста.
Во својата книга A Short Guide to a Long Life, д-р Аргус објаснува како мали промени во секојдневниот живот можат да имаат големо влијание врз вашето здравје и виталност.
Пијте кафе
Чај и кафе во умерени количини имаат позитивно влијание врз здравјето.
Престанете да земате витамини
Витаминските додатоци се поврзани со зголемен ризик од сериозни болести, вклучувајќи го и ракот.
Насмевнувајте се
Смеата го подигнува расположението и го стимулира ослободувањето на ендорфин и серотонин, кој го намалуваат стресот.
Бидете голи
Соблечете се и добро набљудувајте го вашето тело. Правете го тоа редовно, ќе ви помогне во раната фаза да забележите новонастанати промени и знаци на рак на кожата, осип или испакнатини.
Пијте вино
Алкохолот во умерени количини, а особено црното вино, помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања.
Станете родител
Статистичките податоци покажуваат дека луѓето кои имаат деца живеат подолго. Тоа делумно се должи на фактот дека нашите деца и внуците нѐ одржуваат активни како физички, така и психички.
Користете замрзнато овошје и зеленчук
Иако сте мислеле дека се најдобри свежи намирници, ќе мора да земете во предвид дека тие намирници до моментот на испорака до продавница изгубиле многу хранливи материи. Па, освен што се добри свежите и домашни производи, добри се и замрзнатите, бидејќи обично се берат кога плодовите го достигнуваат својот врв.
Отфрлете ги високите потпетици
Не само што ќе ви биде многу поудобно и ќе имате помалку плускавци, туку ќе ги избегнете и воспаленијата на нозете кои се поврзани со бројни болести и забрзано стареење.