Економија 19.12.2018 16:01

Измените на даночната политика може негативно да се почувствуваат на берзата

Измените на даночната политика може негативно да се почувствуваат на берзата

Измените на даночната политика со кои ќе се даночат капиталните добивки може негативно да се почувствува во тргувањето на берзата. Сепак, за првиот човек на Македонска берза, Иван Штериев, добро е тоа што освен за капиталните добивки,данок ќе се плаќа и на каматите на банкарските депозити, со што е избегната дискриминација.

„Даночење на капитални добивки постоело и порано, ова не е прв пат. Она што тогаш пречеше, кога имаше даночење на капитални добивки, немаше даночење на депозити како алтернатива.Во тој дел гледаме дека е добро решението, иако теоретски  секој би посакал да нема даночење, но тоа е тоа“, рече Штериев.

Освен бизнис заедницата која го крена гласот против прогресивниот данок, и брокерите уште пред два месеци излегоа со став дека двојното оданочување негативно ќе влијае врз прометот на берзата. Ставот пак на министерството за финансии за прогресивното оданочување е дека на тој начин ќе се соберат повеќе пари во државната каса. Дополнително очекуваат да се намали нееднаквоста во општеството и јазот помеѓу богатите и сиромашните кој се продлабочил токму поради рамниот данок кој го воведе претходната власт.

Инаку, со даночната реформасе  предвидува освен воведување прогресивен данок да се оданочат капиталните добивки, дивидендите, приходите по основ на кирии и добивки од игри на среќаи тоа со стапка од 15 отсто.

Извор: Алсат