Наместо живот СДСМ донесе црнила. Ветуваа почист воздух, а истиот никогаш не бил позагаден од сега. Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот и тоа во последните два месеци, ова денеска преку соопштение го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Струмица, Битола, Тетово, Кочани и другите градови ширум државата се исто така со голема количина на загаденост на воздухот. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е неколкукратно над дозволеното. Додека граѓаните се гушат, мерки не презема ниту централната, а ниту локалните власти, едните играат игри на мобилен, а другите спијат во собрание. Има пари за се, само за здравјето на граѓаните не. Се трошат еден милион и шесто илјади евра на лубриканти, над седумстотини илјади евра за цвеќиња и лубриканти, двесте и шеесет илјади евра за украсување, а ниту денар за аерозагадувањето. Заев е човекот кој одеше од град во град викајки ајро, ајро, ветуваше чист воздух веднаш откако ќе ја преземе власта, две години потоа ништо од ветеното, но сега Заев наместо од опозиција ги лаже граѓаните од позиција на премиер, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека државата и граѓаните не смеат да страдаат заради нечии политички игри. Правото на чиста животна средина и чист воздух е право на секој граѓанин, а обврска за владата.
-Повикуваме власта веднаш и безусловно да го рестартира проектот за целосна гасификација на Македонија. Граѓаните немаат два животи, за овој да го поминат со лажните ветувања на СДСМ. Оваа власт покажа дека нема капацитет да ја води државата. Оваа власт мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа однародена власт на протестен марш во сабота, 22.12.2018 година во Прилеп. Да ги поразиме црнилата, стои во партиското соопштение.