Засега од непознати причини, од денеска напладне гори сува трева над Битола. Од Територијалната Противпожарна Единица во Битола велат дека во текот на денот интервенирале неколку пати, но пламените јазици вечерва се прошириле поради силниот ветер, јавува ТВ21.
Моментално интервенира една екипа, но местото на пожарот е тешко пристапно. Дополнителни проблеми создава силниот ветер кој вечерва во Битола достигнува и до 80 km/h.
Од УХМР излегоа и со предупредување во кое се вели дека поради влијание на влажен и студен бран денес во попладневните часови ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од дожд, а во текот на ноќта на планините, како и во некои пониски места ќе преминуваат во снег.