ВМРО-ДПМНЕ имаше еден голем предизвик. Јас сум задоволен како се носеше со тој предизвик, вели Александар Николоски, во гостувањето во Отворено, на Алфа ТВ.
Партијата погледна кон себе, успеа да ослободи една интензивна внатрешна дебата, дозволивме на членови и сите кои имаат одговорни позиции да зборуваат како ја гледаат иднината и кои според нив се грешки од минатото. Имавме историска седница на ЦК каде ВМРО-ДПМНЕ се соочи со тие предизвици. Дел од членовите беа икслучпени а други беа разрешени. Сето тоа резултираше со движење во друг правец каде ние ќе бидеме самокритични, ќе ги препознаваме и попораваме грешките. По тој ЦК се ослободи нова енергија, ни се вратија членови кои претходно не напуштиле, па се вратија. А доаѓаат и нови членови, затоа што знаат дека расчистуваме со лошите практики, вели Николоски.
Но не е дека ВМРО-ДПМНЕ имаше само лоши практики во минатото, напротив, за тоа дека владееше добро се победите на изборите, вели Николоски.
Нам ова ни се случува трет пат, а СДСМ никогаш нема направено прочистување во партијата, заклучи Николоски.