Во системот на Управата за јавни приходи за Е-персонален данок се регистрирани 620.000 граѓани и до крајот на годината, односно до 31 декември треба да се регистрираат уште мал процент.
Од Управата за јавни приходи очекуваат тој мал процент да се регистрира до 31 декември. Тие ќе можат да се регистрираат во регионалните дирекции на УЈП кои ќе работат и на 31 декември до 16.30 часот.
Даночните канцеларии што УЈП ги отвори во општините Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода ќе бидат отворени до денеска до 18 часот, додека во општина Чаир даночната канцеларија ќе работи и на 31 декември. Утре од 8 до 14 часот ќе работат регионалните дирекции Скопје, Струмица, Тетово, Битола, Прилеп и Штип.
За досегашниот тек на регистрација од Управата се задоволни и наведуват дека не се забележани посериозни проблеми.
-Во изминатиот период УЈП е максимално мобилизирана со цел на граѓаните да им ја олесниме постапката и да ги ослободиме од административните процедури. Во изминатиот период на услуга на граѓаните беа мобилните екипи што вршеа регистрација на вработени во државните и јавните институции, како и во големи и мали фирми, но и во домовите на тие даночните обврзници кои пријавуваа дека од одредени причини се спречени лично да се регистрираат, велат за МИА од УЈП и додаваат дека за успешан реализација на оваа реформа говори бројот на регистрирани физички лица.