Банкарство 28.05.2018 11:06

Кинеската Централна банка најави дека ќе ја подобри својата транспарентност

Кинеската Централна банка најави дека ќе ја подобри својата транспарентност

– Централната банка на Кина денеска најави дека ќе го подобри изнесувањето на основните податоци за своето работење, со цел да ја подобри
транспарентноста.
– Ќе продолжиме постојано да го подобруваме кредибилитетот и транспарентноста на централната банка, соопштија од банката.
Новите податоци што банката ќе ги прави достапни вклучуваат информации за заеми меѓу банките, интернет финансирање и за платниот систем.