Повеќе од 75% од луѓето со одредена верзија на генот кој го спречува развојот на непријатни мириси под пазувите сè уште користи дезодоранси, според една нова студија.
Студијата беше спроведена на 6495 жени кои биле дел од поголема студија на Универзитетот во Бристол, под наслов “Децата на деведесеттите.” Истражувачите откриле дека 2% од мајките (117 од 6495) има ретка верзија на генот ABCC11, што значи дека овие жени не произведуваат непријатна миризба под пазувите.
Додека 5% од луѓето кај кои се појавува неподносливата миризба не користи дезодоранси, само малку повеќе од една петтина од испитаниците (26 од 117) кои го поседуваат генот ABCC11 и не произведуваат непријатни мириси не користат дезодоранси, статистички гледано тоа е значителна разлика. Сепак, 78% од оние кај кои не се јавува непријатна миризба, користат дезодоранси секој ден.
Говорејќи за наодите од истражувањата кои се објавени 17 Јануари во весник за Journal of Investigative Dermatology, раководителот на истражувачкиот тим професорот Иан Деј (Ian Day) рече дека ова откритие е важно за поединци кои, според генотипот не произведуваат мириси под мишката. Една четвртина од овие лица мора, свесно или несвесно, да сфатат дека не произведуваат мириси и нема потреба за дезодоранси, за кој се “фаќаат“ повеќето од од нив. Социо-културните норми имаат големо влијание врз однесувањето на луѓето – три четвртини од оние кај кои н ема мириси редовно користат дезодоранси. Ова е сосема спротивно на ситуацијата во северо-источна Азија, каде мнозинството од жителите немаат потреба па не ги користат дезодорансите.
“Резултатите од оваа студија укажуваат на употреба на генетиката во областа на личните производи за нега. Со едноставен тест на генот може да се подигне свеста и оние кои не произведуваат непријатна миризба да бидат поштеден од непотребни трошоци и изложени на дополнителна употреба на хемикалии “, вели авторот на статијата, д-р Сантијаго Родригез.
Авторите посочуваат дека луѓето кои имаат редок вид ABCC11 ген и не произведуваат непријатни мириси често имаат сува и не леплива ушна маст, која е сигурен показател за тоа дали некој треба или не, да се користи дезодоранс.
Неодамнешните студии покажаа поврзаност помеѓу генетските варијации во ABCC11 ген и појавата на мириси под пазувите. Потните жлезди произведуваат пот, се мешаат со бактерии, давајќи на тој начин непријатен мирис. Лошата миризба зависи од постоењето на активен ABCC11 ген. За некои луѓе овој ген е неактивен.