Генералниот директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје, Теодулос Скордис поднесе оставка. Оваа информација ја соопшти Стопанска банка преку Македонска берза.
Во соопштението нема детали за причините поради кои Скордис ја поднел оставката ниту пак најава за неговата замена.
Скордис во Стопанска банка Скопје е од 2009 година каде што прво е директор за кредитен ризик, а од 2010 година е генерален директор за корпоративно работење.