Како што беше најавено денеска Претседателот Христијан Мицкоски свика седница на Извршниот комитет каде се разговара за актуелната политичка ситуација која што се случува во моментот. Морам да истакнам дека на седницата на Извршниот комитет поканета е и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Се аргументираат, се разгледуваат сите можности за да се види како може да се излези од оваа ситуација, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во изјава дадена за вестите на Алсат М.
Арсовски потенцираше ова што се случува во Република Македонија е жално и е далеку од сите европски вредности за кои што треба да се залагаат сите политички партии. Според него случајот Талир кој денеска е отворен од СЈО претставува само уште еден инструмент за закана и уцени врз ВМРО-ДПМНЕ.
-Двете најважни ситуација кои што се разговараат и кои што се тема под актуелната политичка ситуација тоа се она што се случува во моментот оној пазар од страна на Зоран Заев, уцени и закани кон сите пратеници во Собранието на Република Македонија. И вториот дел е за кој што веќе имавме прес конференција од страна на Генералниот секретар Игор Јанушев, за отворање на случајот на Талир за кој што можеме уште еднаш да потенцирам дека тоа е уште еден предмет кој што се отвора се со цел да биде како еден инструмент кој што ќе служи за уцени и закани врз ВМРО-ДПМНЕ, додаде портпаролот Арсовски.
На прашањето дали се чека да се повлечат пратениците од Собранието, Арсовски одговори дека седницата на Извршниот комитет е во тек и се очекува веднаш штом заврши да се информира јавноста за донесените одлуки.