Актуелно 14.01.2019 12:05

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за сите црнила и зла кои и ги нанесоа на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за сите црнила и зла кои и ги нанесоа на Република Македонија

Додека македонскиот народ е разочаран од промената на името на државата и неправдата, Зоран Заев и СДСМ слават и се горди дека ги продале државните и национални интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Иако граѓаните на Република Македонија јасно порачаа дека се против промена на името и договорот од  Преспа, сепак криминалната власт насилнички по пат на уцени и закани ги променија и името на државата како и идентитетот, јазикот, културата, историјата и традицијата. Изминуваат речиси две години од владеењето на оваа црна власт, а државата само тоне. Единствена работа која ја направија е откажувањето од се што е македонско. Ја заковаа македонската економија на дното, корупцијата го достигнува својот зенит, здравството и образованието се уништени, земјоделците разочарани: Буквално се тоне и уназадува, а растат само бизнисите  и сметките на криминалниот картел предводен од  аболицираниот  Зоран Заев, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 плата за лекарите, нема повисоки пензии, а нема ниту 600 км нови патишта, нови болници, училишта, студентски домови градинки.

-Има само евро за Вицето, тендери, грантови и вработувања за семејствата на функционерите од власта. Откако не исполнија ниту едно ветување и на узурпираа македонската држава сега ги слушаме истите лаги и празни ветувања. Токму затоа граѓаните повеќе не веруваат на лагите и манипулациите на СДСМ. Граѓаните се уверија дека Македонија предводена од СДСМ и Заев само назадува. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, на кои СДСМ ќе биде поразена и ќе замине на темната страна на историјата. СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за сите црнила и зла кои и ги нанесоа на Република Македонија, истакнуваат од партијата.