Ново поскапување на горивата во Македонија, од полноќ граѓаните ќе возат поскап бензин и дизел, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер 95 од полноќ ќе биде 73,5 денари, додека пак Еуросупер 98 ќе биде 75,5. Во двата случаи зголемувањето е за 2 денари.
Дизелот, исто така поскапува за 2 денари и од сегашните 63 денари, од полноќ ќе биде 65 денари.
Екстра лесното масло горење ќе биде 54 денари, додека пак мазутот 34,5 денари.
За потсетување Владата ја зголеми акцизата за 3,5 денари на дизелот.
Според податок од ДЗС, во 2015 година, во Република Македонија имало регистрирано 163.038 дизел возила. Доколку таа бројка се помножи со 2400 денари, колку впрочем и го чини еден просечен граѓанин покачувањето на акцизата се доаѓа до бројка од 391 милион и 290 илјади денари, односно 6 милиони и 360 илјади евра годишно. Ова е само цената која ќе ја платат граѓаните, додека превозниците и транспортерите ќе ги чини над 32 милиони евра, а индустријата над 5 милиони евра.
По покачувањето на акцизата цената на дизелот галопирачки се зголемуваше и од 46 денари за литар во времето кога СДСМ ја презеде власта се зголеми на 65 денари, што е е покачување за 35%.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа дека додека цената на дизелот се зголеми, платите и стандардот на граѓаните не пораснаа ниту процент. Во изминативе година дена оваа власт само зема од граѓаните.
Самото покачување на акцизата влијаеше и на покачување на автобуските и такси услуги, кои повторно се директно на удар на граѓаните. Трошокот кои директно ќе го платат граѓаните е над 40 милиони евра. Индиректниот трошок многу поголем.