Актуелно 19.01.2019 11:22

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ за две години од својот мандат ги продаде највисоките национални и државни интереси

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ за две години од својот мандат ги продаде највисоките национални и државни интереси

Зоран Заев и криминалниот картел во неговата влада нема да смеат да го користат името Македонија и префиксот македонски, ниту на социјалните мрежи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев јавно во медиумите се колнеше дека немало никој да го смени називот на Владата на Република Македонија, а сега ќе мора да внимава да не го употреби името на земјава ниту на социјалните мрежи. На понижувањата кои Заев му ги приреди на македонскиот народ им нема крај. По срамното писмо на Димитров до грчкото МНР, Грција побара од владата и од министрите да не се користи Македонија и македонски по социјалните мрежи. Високи грчки претставници во неколку наврати започнаа владата на СДСМ да ја предупредуваат за официјални потреби и обраќања кон јавноста да не се користи Македонија, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Владата на СДСМ за две години од својот мандат ги продаде највисоките национални и државни интереси исклучиво од лукративни причини.

-Со договорот од Преспа освен уставното име се менува и идентитетот, а се брише и македонскиот јазик, историја и култура. Откако СДСМ дојде на власт граѓаните не видоа бел ден. Црнилата кои ја надвиснаа Македонија стануваат неподносливи. Жителите се повеќе осиромашуваат, економијата секојдневно опаѓа, давачките кон државата растат, нема нови проекти, а здравството и образованието се во тотален хаос.  Македонија е понижена и клекната на колена. За ова црнило да си замине има единствено решение, предвремени парламентарни избори кои ќе го испратат Заев во политичка пензија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.