Мари Жан Пјер (60) добила отказ откако одбила да работи во неделите за да може да присуствува на миса во црква во Мајами, САД.
Таа работела како садоперка во еден хотел повеќе од една деценија, односно сè до март 2016 година. Пјер тврди дека го известила работодавачот дека не може да работи во недела поради нејзините врски убедувања. Таа добила отказ затоа што не се појавила на работа во неделите во текот на шест седмици. Нејзиниот претходен работодавач ѝ дозволувал, односно ја ослободувал од работа во неделите, но во 2015 година со новиот шеф работите се смениле.
Нејзиниот адвокат во тужбата навел дека нејзиниот поранешен работодавач го прекршил Законот за граѓански права од 1964 година кој ги штити работниците од дискриминација врз основа на вера, раса, пол или потекло.
Судот минатата недела донел пресуда во нејзина корист, а на хотелот му наложил да ѝ исплати отштета од 21 милион долари, сума во се вклучени и заостанатите плати, како и отштета за емоционална болка.