Законот за јазици нема да може се применува во судовите додека не се сменат системските закони како што се законите за кривична, прекршочна парнична, постапка и други кои се носат со 2/3 мнозинство и со кои поинаку се уредува и употребата на јазиците во постапките. Од Министерството за правда најавуваат усогласување на другите закони со овој закон а власта има една година за да обезбеди 80 гласови за измени на законите што ги регулираат судските постапки, бидејки во Законот за јазици е оставен рок од една година за усогласување, пренесоа медиумите во Македонија.
Законот за употреба на јазиците е закон кој е донесен со просто мнозинство, додека пак Законот за кривична постапка е со двотретинско мнозинство, па во таа насока Законот за употреба на јазиците во случајот не може да има предимство над закон кој е донесен со двотретинско мнозинство. Од таа причина, потребна е хармонизација на Законот за кривична постапка со цел да се хармонизираат одредбите во тој закон, велат од Министерството за правда, пренесе Лидер.мк.